Март-октомври 2019

Ученицте во РСМ не учествуваат во организации или здруженија на млади. Според истражувањето „Младинско учество во Македонија“ од МОФ и Реактор, околу 70% од учениците во средните училишта не знаат дека има ученички организации во нивното училиште, а 81% никогаш не учествувале во ученичка заедница.

Главната цел на проектот е да се воспостави младинска еколошка мрежа за преговори и кампања кај општините кои страдаат од загаден воздух и други еколошки проблеми.

Активностите вклучуваат:

  • Воспоставување и организациска поддршка за појаки зелени клубови
  • Тренинг програма на интернет за еколошки проблеми (младинско учество, биодиверзитет и заштита на видовите, климатски промени и загадување на воздухот, зелени работни места, одржлива урбана мобилност)
  • Преговори и кампањи за биодиверзитет, чиста енергија и зелен транспорт
  • Завршен настан „Млади за подобра животна околина“

Проектот е поддржан од Фондацијата Хајнрик Бол од Сараево.