март 2023 – март 2024

Проектот “Младите за климатска акција и одржлив транспорт” се фокусира на јакнење на капацитети на здружението за вклучување на млади во застапување за климатска акција, со фокус на одржлив транспорт, преку локалните младински совети и младински центри. Транспортот е еден од секторите кој значително влијание врз климатските промени, со тенденција на зголемено учество (побарувачка) во иднина, и исто така сектор кој директно ги засега младите и нивниот секојдневен живот.

Застапувањето и знаењето за климатски промени и одржлив транспорт е недоволно, особено кај младите. Во исто време Законот за младинско учество и младински политики претставува можност за младите да се вклучат и влијаат врз локалните политики преку младинските совети и младински центри во општините кои се задолжителни тела за секоја општина. Преку мобилизација и едукација на млади за климатска акција и одржлив транспорт и нивно поврзување со младинските совети и центри може директно да се врши влијание во Советите на општините и релевантните локални политики (буџети, ГУП-ови итн.)

Проектот ќе обрне особено внимание на ранливите и маргинализирани млади и ученици чии родители доаѓаат од сиромашни семејства, како и на аспектот на човекови (младински) права и родовата еднаквост. Преку проектот ќе се зајакнат капацитетите на здружението за мобилизирање на млади и нивно застапување за климатска акција во општинските младински совети и младински центри со што ќе се унапреди младинското учество и демократијата. На крај, проектот ќе помогне наздружението во јакнење на капацитетите за стратешко планирање и ќе креира стратешки план за следните три години.

Цели:

  1. Стратешко зајакнување на младинската мрежа и вклучување на младите во застапување на локални климатски политики, со фокус на одржливиот транспорт
  2. Вклучување на млади во застапување на локални климатски политики
  3. Зајакнување на капацитети во застапување за климатска акција и одржлив транспорт
  4. Изготвување нов стратешки план и програма на здружението

Проектот “Младите за климатска акција и одржлив транспорт” e во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, МЗМП и CVNP поддржан од Владата на Шведска.