Јуни-октомври 2019

Младите не се свесни за важноста на некои туристички места и нивната вредност за земјите во кои живеат. Растот на туризмот дополнително ја загрозува животната средина. Туристите кои секоја година се се’ побројни, претставуваат закана за статусот за заштитени подрачја на некои места како Охрид и Крушево.

Целта на проектот е да ја подигне свеста на младите од различни градови во Северна Македонија за важноста за заштита на животната средина на туристички места. Главни цели на проектот се:

  • Да се вклучат младите во акции за чистење на туристички места
  • Да се подигне свеста за управување со отпадот со цел зелен туризам

Активностите предвидени во рамки на проектот се:

  • Прес-конференција на Светскиот ден за животна средина на ОН
  • Акции за чистење во Крушево, Охрид, Прилеп, Битола и Скопје
  • Едукативни материјали на интернет за животната средина
  • Камп за младинска активност за зелен туризам
  • Завршен настан

Проектот е финансиски поддржан од Француската амбасада во Скопје.