Платформата за младинска одржливост за прв пат беше промовирана на Семинар за одржлив развој кој се одржа на 8 октомври 2011 година каде што невладините организации АИЕСЕК, Младински Образовен Форум, Сојузот на Извидници и Гоу Грин ја потпишаа Декларацијата за младинска одржливост. Платформата е поддржана од Француската Амбасада.

Целта на платформата за младинска одржливост е да поттикне заедничко работење и меѓусебна поддршка помеѓу невладините организации за подигнување на свеста кај нивните членови за одржливиот развој и заштита на животната средина.

Краток опис

Главни активности на платформата се едукативни настани и семинари. Платформата е отворена за секоја организација што сака да им овозможи на своите членови едукација за одржлив развој и заштитата на животната средина. Доколку вашата организација сака да се приклучи на платформата контактирајте нè на: antonio@bidizelen.org.

Во 2012 и 2013 година нови младински организации се приклучија на платформата и се реализираа нови проекти.

Следете ја Фејсбук страната за новости и активности на Платформата.

Извештаи за проектните активности во 20112012 и 2013.