Пресметката на јаглеродниот отпечаток може да биде комплексна анализа на целокупната слика на потрошувачка на енергија. Моделот за пресметка на јаглеродниот отпечаток за училишта претставува алатка со цел учениците да ја сфатат логиката на формирање на јаглеродниот отпечаток и истата не е прецизен инструмент за определување на јаглеродниот отпечаток.

Со оваа алатка сакаме да поттикнеме преземање на поголеми мерки за зголемување на енергетската ефикасност во училиштата, како и користење на сончевата енергија како енергенс за струја и топлина. Покрај тоа, сакаме да придонесеме за развивање на еколошката свест и образованието за одржлив развој, со фокус на климатските промени на сите нивоа на образованито.

Пресметката на јаглеродниот отпечаток се извршува во самата алатка, преку користење на влезните параметри. Откако ќе се внесат потребните податоци кои се влезни податоци, програмот на база на одредени релации и формули кои се дефинирани го пресметува јаглеродниот отпечаток и ни го дава како резултат, т.е излезна информација. Дополнително е дадена опција на пресметка на намалување на јаглеродниот отпечаток ако се инсталираат соларни панели за произвдство на електрична енергија.

Прирачникот е изработен во рамки на проекот „Сакаме соларна енергија“, финансиран од ЕУ

Прирачникот може да го преземете тука.

Алатката може да ја преземете тука.