СО ОВАА ПЕТИЦИЈА БАРАМЕ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ СО АКЦЕНТ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, КАКО И ЗГОЛЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО НАШИТЕ УЧИЛИШТА ЗА ГРЕЕЊЕ И СТРУЈА.

 

ЗОШТО?

  • Најголемиот дел од средните училишта во нашата земја користат енергенс со потекло од фосилни горива за струја и загревање. Анализата на јаглеродниот отпечаток (carbon footprint) на училишта во нашата земја укажува дека нашите училишта директно придонесуваат за загадување на животната средина, односно зголемување на последиците од климатските промени поради емитирањето на стакленички гасови, особено јаглероден диоксид.
  • Од друга страна образованието за одржлив развој не е доволно опфатено во наставните програми во средното  и основното образование, при што во најголем дел ваквите одржини може спорадично, но недоволно,  да се сретнат во предметите како што се биологија, физика, хемија и географија, што дополнително придонесува за ниска еколошка свест кај наставниците и учениците.

Со ваква поставеност не може да очекуваме суштинска промена во начинот на однесување или култура која ја градиме кај нашата младина и образовните работници.

ШТО БАРАМЕ?

  1. Ние сакаме нашите училишта да користат и да се греат на струја од сонце со што ќе придонесат за намалување на последиците од климатските промени, а истовремено ќе ја развијат и еколошката свест кај учениците и наставниците.
  2. Сакаме поголема застапеност на содржини на тема одржлив развој, со посебен акцент на климатските промени, во сите наставни програми и/или изготвување наставни програми за меѓупредметни теми од областа на одржлив развој заедно со сите нејзини поттеми и мерки за адаптација и ублажување.

 Со оваа петиција бараме да се формира работна група од Министерството за образование,  Бирото за развој на образованието, како и Центарот за стручно образование и обука за да се изготви анализа и детални препораки за реални промени во образовните програми за поголема застапеност на темата одржлив развој, со акцент на климатските промени.

Институциите: Министерство за економија, Министерството за животна средина, општините и ЗЕЛС да направат план за енергетска ефиканост за училиштата и зголемување на сончевата енергија за струја и греење.

ТВОЈОТ ПОТПИС Е ВАЖЕН

Потпишувајќи ја петицијата, вие давате поддршка за унапредување на образованието за одржлив развој во наставните програми, како и користење на сончевата енергија струја и греење.

Доколку верувате во оваа кауза споделете ја петицијата и пренесете ја пораката понатаму.

Срдечно,

Тимот на Гоу Грин

 

Петицијата може да ја потпишете на овој линк