Јули-декеври 2020

Неформалните собирачи на отпад се дел од ранливите категории на нашето општество уште многу одамна. Тие се дел од неформалната економија каде преку собирањето отпад од контејнерите и продавањето на т.н. „отпадџии“ добиваат пари на рака и крпат крај со крај, ден за ден. Проценките се дека околу 800 семејства се занимаваат со оваа дејност кои собираат околу 80-90% од отпадот од пакување во нашата земја.

Нивната информираност за корона кризата и применување на мерки (маски, дистанца и слично) е на ниско ниво, бидејќи им е првенствено важно да обезбедат егзистенција за прехранување на нивните семејства.

Преку проектот, со директната помош од хигиенски пакети ќе им се зголеми хигиената и безбедноста. Со создавање мрежа за собирање од згради, ќе им се намали потребата за превртување на контејнерите и ќе бидат повеќе заштитени и обезбедени пристојни услови за работа.

Цели

  • Информирање за мерките и препораките на државните институции за спречување на ширење на корона вирусот;
  • Зголемување на хигиената на неформалните собирачи на отпад и нивните семејства;
  • Обезбедување на пристоен приход на собирачите и обезбедување на организиран систем за собирање на пластика и хартија;
  • Вклучување на граѓаните во поддршка на процесот, покревање свест и селектирање на отпадот (пластика и хартија)
  • Анализа на потенцијалот за рентабилност на социјално претпријатие кое ќе ги вработува собирачите и интегрира во системот за управување со отпад

Активности:

  • Информирање и директна поддршка со хигиенски пакети на собирачите и нивните семејства
  • Анализа и план за рути за собирање и станбени згради
  • Воспоставување соработка со зградите
  • Поставување на „зелени зони“ во станбените згради
  • Собирање и мониторинг на процесот
  • Комуникациска кампања
  • Изготвување на бизнис план и документ со препораки

 

Проектот е поддржан од Владата на РСМ.