Викендот 19-20 октомври се одржа второто Младинско собрание на Биди зелен мрежата на Гоу Грин.

На младинското собрание покрај петте претставници од извршната канцеларија, присуствуваа и 47 ученици, членови на Биди Зелен клубовите и иницијативните групи од 5 градови – Скопје (24 членови), Кичево (3 членови), Гостивар (еден член), Прилеп (11 членови) и Битола (8 членови).

Младинското собрание е главен орган на Биди зелен мрежата. Собранието има хоризонтална структура и пристапот е од долу-нагоре, односно младите иницираат и предводат со промените и активностите во организацијата. На овој настан младите имаат можност да направат промени во Правилникот (Документ за работа на клубовите), се одредуваат правците на младиснката стратегија на организацијата и се презентираат плановите и барањата на Биди зелен клубовите и иницијативните групи.

Биди-Зелен Клубот претставува неформално здружување  на ученици од едно училиште каде што се едуцираат и активираат за различни еколошки теми. Младите преку овие клубови ги информираат и ја подигаат свеста не само кај своите другар/ки, соученици и врсници туку и кај своите родители и постари генерации.

Од постоечките три клуба во рамки на мрежата, на ова Младинско собрание се изгласаа уште 7 клубови кои претходно беа иницијативни групи. Со тоа, Биди зелен мрежата на Гоу Грин брои 10 клубови во 5 града, како и 3 иницијативни групи во уште 2 града.

Моменталните полноправни клубови се во училиштата:

  1. Раде Јовчевски Корчагин – Скопје
  2. Здравко Цветковски ГУЦ – Скопје
  3. Никола Карев – Скопје
  4. Боро Петрушевски АСУЦ – Скопје
  5. Ристе Ристески Ричко – Прилеп
  6. Мирче Ацев – Прилеп
  7. Јосип Броз Тито – Битола
  8. Дрита – Кичево
  9. Орце Николов – Скопје
  10. Гостивар – Гостивар

Фотографиите од настанот може да ги погледнете на следниот линк.

Мрежата на Биди-Зелен клубови и младинското собрание се поддржани од Град Скопје и германската фондација „Хајнрих Бол Штифтунг“.