На 20 октомври се одржа состанок за Квалификациите за зелените работни места на кој присуствуваа претставници од Центарот за стручното образование и обука, Министерството за труд и социјална политика, невладини организации, и професор од Економскиот факултет при универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје.

На состанокот се разговараше за воспоставување на индикатори за квалификациите низ призмата на зелените работни места, Методологија за вклучување на зелени квалификации во Националната рамка на квалификации и Методологија за „озеленување“ на постоечките квалификации што беа заклучоци од минатата седница

Еден пристап е да се тргне од стандардот на занимање. Секоја образовна програма, формална или неформална, се повикува на стандард на занимање и тоа е појдовната точка. Тоа би значело дека при ревидирање, во урнекот точка 9, е наменета за здравје, безбедност, животна средина би можела да се напомене поврзаноста со зелената компонента на занимањето.  

Се поставува прашањето дали доколку целото занимање (пример фасадер) значи и фасадер на класични фасади ќе биде зелено? И дали доколку една оперативна задача има енергетска ефикасност ќе се класифицира како зелено. Тоа значи дека лицето ќе се стекне со знаење и би требало да биде земено предвид како зелено.

Другиот пристап е да се оди кон квалификациите и секторите, односно секторските комисии кои ги усвојуваат и ревидираат квалификациите. По дискусија, се заклучи дека овој пристап ќе даде резултати, односно да се даде на секторските комисии на националната рамка на квалификации да ги прегледаат квалификациите уште еднаш, по претходно изработен документ кој би бил водилка при прегледувањето на квалификациите.

Овој документ кој ќе биде инпут на членовите на секторските комисии би им обезбедил јасни насоки за препознавање на основот дали една квалификација е „зелена“ или содржи елементи на „зелена“ квалификациите. Се препорача и одржување на обука со членовите за соодветна подготовка и разбирање на документот.

Документот би ги содржел индикаторите, кои би произлегле од прифатената дефиниција за зелени работни места.   Во дефиницијата за зелени работни места, ќе се задржиме на аспектот на животна средина и климатски промени, односно следните области ќе се разработат:

  • ефикасна употреба на ресурси
  • намалување на отпадот и управувањето со отпадот
  • намалување на аерозагадувањето
  • заштита и обнова на екосистемите
  • намалување на стакленичките емисии на гасови
  • прилагодување на последиците од климатските промени
  • зголемена енергетска ефикасност

 

Клучен инпут се даде и кога претставникот од ЦСОО напомена дека ревидирање на квалификациите се случува на 4 и 5 години – и тогаш е можност да се интервенира за да се „зазеленат“ квалификациите со додавање или доработка на „зелените“ компоненти споменати погоре како дел од дефиницијата.

Методологијата за изработка би бил документ кој ќе објаснува што и како се ревидираат квалификациите, и со која цел? Документот ќе ја содржи дефиницијата која е прифатена со деталните објаснувања на секој елемент, и конкретни примери, како и примери за како би се „озеленила“ некоја квалификација. Документот „Методологија“ би требало да даде одговори на сите потенцијални прашања при ревидирање на квалификациите од страна на членовите на секторските комисии.

 

Како следни чекори се дефинираа:

  • отворање на google документ каде ќе се даде инпут и разработка на дефиницијата за зелени работни места, аспектот животна средина
  • објаснувањата ќе се преточат во индикатори за оцена на „зелена“ квалификација
  • табела со квалификациите и рокот за нивно ревидирање
  • информирање на членовите на секторските комисии и другите релевантни институции за процесот

 

Оваа активност беше дел од проектот „Млади за образование за климатски промени и квалитетен воздух“, поддржан од Фондацијата Хајнрих Бол Штифтунг – Сарајево.