Јуни-декември 2018

Во Градот Скопје скоро и да нема организиран систем за одделно собирање на отпадот од пакување (селектирање), кој е комунален отпад, особено во домаќинства, што е обврска на градоначалникот на Градот Скопје и на градоначалниците на Општините (член 26 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување Сл. весник на РМ бр. 161/2009).

Комуналната хигиена е задолжена за собирање на комуналниот отпад од домаќинствата на територија на Град Скопје, а скоро и да не постои примарна селекција на отпадот од пакување во домаќинствата.

Како “главни играчи“ кои вршат собирање на отпадот од пакување, што е комунален отпад, се т.н. „неформалните собирачи на отпад“, претежно од Ромската популација. Најчесто станува збор за маргинализирани групи што живеат на работ на егзистенцијата кои отпадот го собираат од контејнерите за комунален отпад, при што зад себе оставаат неред (растурени ќеси со смет), несвесни за опасностите на кои се излагаат при вршењето на тие активности. Во процесот на собирање и транспорт, формираат импровизирани центри за собирање на отпадот, каде вредносниот дел од отпадот го користат за трговија, а останатиот дел го горат за затоплување или готвење, и со тоа значително придонесуваат и за аерозагадувањето.

Кај сите засегнати јавни институции, национални и локални, има позитивна волја за решавање на проблемот со „неформалните собирачи на отпад“ и формализирање на секторот и ќе се ослободи потенцијалот за вработување, зголемен БДП, и поздрава животна средина. Еден од стравовите кај неформалните собирачи на отпад да се вклучат во системот е да не го изгубат социјалното осигурување. Поради позитивната волја на сите засегнати институции, а особено Министерството за труд и социјална политика, има одлука за не губење на социјалното осигурување кај неформалните собирачи на отпад, доколку примат приход на трансакциска сметка, во рок од 1 до 2 години. Тоа е со цел да може да излезат од „кругот на сиромаштијата“ и да обезбедат пристојна плата и живот.

Пристапот на проектот беше насочен кон домаќинствата и неформалните собирачи на отпад кои ќе бидат интегрирани во формален систем за собирање на отпадот од пакување. Поконкретно, се склучи соработка со 384 домаќинства кои селектираа две фракции на отпад, пет и тврда пластика. Со „услуга до дома“ собирачите секој вторник ја собираа пластиката од домаќинствата.

Развојната идеја на проектот е овој концепт да се прошири на ниво на Град Скопје, да се формира социјално претпријатие кое ќе биде рентабилно и ќе ги вработува собирачите на отпад преку воспоставување систем за селектирање на отпад од пакување во домаќинствата.

Исто така, во одржливост на проектот придонесува фактот што занимањето „собирач и постапувач на отпад“ е дел од новиот закон за управување со отпад, и со тоа ќе се овозможи препознавање на професијата на собирачите на отпад и ќе се овозможи вработувањето да е врз база на професија, за која ќе има развиено верификувани тренинг програми (2-3 месечни) и вработување во социјалното претпријатие (или други ентитети кои имаат интерес од тоа).

Активност 1: Таргетирање и анализа на 400 домаќинства;

Активност 2: Таргетирање и селекција на 10 неформалните собирачи на отпад;

Активност 3: Селекција на 2 фацилитатори;

Активност 4: Обука на собирачите на отпад и фацилитаторите;

Активност 5: Воспоставување контакт и соработка со 400 домаќинства;

Активност 6: Набавка на соодветна опрема и потребни материјали;

Активност 7: Таргетирана промотивна кампања;

Активност 8: Собирање на отпадот од домаќинствата и транспорт до овластена

Актвност 9: Брошура со резултатите и искуствата од проектот

 

Проектот е финанскиски поддржан од Град Скопје.