Целта на иницијативата #Селектирам е да им го доближи на граѓаните селектирањето на амбалажниот отпад и воедно да ги интегрира собирачите на отпад во формален и организиран систем.
Целна група во прва фаза се станбените згради во Град Скопје. Со пополнување на пријавата, зградите, односно куќните совети може да се приклучат кон иницијативата #Селектирам и да ја користат услугата за селектирање и собирање на амбалажниот отпад.
Ваква иницијатива веќе успешно се спроведува во зградата на ул. Антон Попов бр. 1 каде се селектира пластика и хартија со поставени картонски канти на секој спрат. (повеќе за почетокот на иницијативата може да прочитате тука.)
Услугата е бесплатна и вклучува:
✅поставување на зелени зони – декоративен тепих- трева, канти за селекција, внатре во зградата
✅информативна кампања – едукација и инструкции за што се селектира и како, а што не се селектира.
✅почитување на мерките за спречување и ширење на КОВИД-19 од страна на собирачите кои ќе бидат целосно опремени (визири, маски, ракавици, дезинфекција итн.) и информирани за правилата.
✅ транспорт на амбалажниот отпад од вашата зграда
Со приклучување на вашата зграда во мрежата, вие:
✅имате можност за селектирање на вашиот амбалажен отпад
✅стекнувате здрави навики и сте пример за еколошки освестен граѓанин
✅помагате на социјално-загрозена и ранлива група во нашето општество
✅придонесувате за поголема хигиена во градот и помалку отпад
Со поднесување на пријавата ќе бидете контактирани од страна на „Гоу Грин“ и ќе бидат договорени понатамошните детали.
За дополнителни информации, контактирајте не на info@selektiram.mk
Оваа активност е во рамки на проектот „Растеме заедно“, поддржан од Владата на РСМ.
Кратко за позадината на оваа иницијатива:
Во 2018 година здружението го подготви занимањето „собирач и постапувач со отпад“, а годинава се одобри и образовната програма „Собирач на секундарни суровини“ преку која се формализираат собирачите на отпад. Собирачите би се вработиле во социјално претпријатие кое ќе им пружа услува по принцип „од врата до врата“ на домаќинства, згради и фирми.
2 thoughts on “#Селектирам во мојата зграда”
Comments are closed.