6 нови предлог закони за отпад отворени за јавноста

Министерството за животна средина и просторно планирање подготви 6 (шест) нови предлог закони за отпад кои се усогласени со Европските директиви и кои даваат стратешката насока на управувањето со отпад во нашата земја. Станува збор за: Предлог Закон за управување со отпад (достапен на ЕНЕР (линк) последна верзија мај, 2019) Предлог Закон за управување со […]

,,Тапкаме во место во хаосот со отпад“- интервју со Антонио Јовановски за Лице в Лице

За собирачите на отпад, условите во кои тие живеат и можностите за нивно интегрирање во економијата на државата Гоу Грин направи видео кое може да го погледнете на следниот линк. ****Лице в лице е непрофитно, независно улично списание, посветено на универзалните вредности, на социјалната правда, на принципите на еднаквост, демократија и на хуманост. Претставува пионерски чекор […]

Training session and the environment: “ The good the bad and the greener”

На 23.10.2019 во Брисел се одржа обука за стандардизација и животната средина на тема: “ The good the bad and the greener”. Како претставник од Гоу Грин беше Марија Накова а беа присутни членови, експерти, претставници на невладиниот сектор, малите бизнис претпријатија и индустрискиот сектор. Оваа работилница претставува втор дел од обуката по воведниот вебинар. […]

Се одржа јавна трибина за регионалната депонија во општина Св. Николе

На 14 октомври, по иницијатива на здружението „Гоу Грин“ и поддржано од Министерството за животна средина (МЖСПП), се одржа јавна трибина во општината Свети Николе на тема „Регионалната санитарна депонија во Источниот и Североисточниот регион“. На трибината присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, покрај Гоу Грин и Македонското Еколошко Друштво од Скопје, и локални здруженија и […]

Расте бројот на Биди зелен клубови во различни градови

Викендот 19-20 октомври се одржа второто Младинско собрание на Биди зелен мрежата на Гоу Грин. На младинското собрание покрај петте претставници од извршната канцеларија, присуствуваа и 47 ученици, членови на Биди Зелен клубовите и иницијативните групи од 5 градови – Скопје (24 членови), Кичево (3 членови), Гостивар (еден член), Прилеп (11 членови) и Битола (8 […]

Младите и алтернативниот транспорт: сакаме регулирање на е-тротинетите, и подобрена велосипедска инфраструктура

Минатата недела на европско ниво се одбележа ЕУ неделата на мобилност– настан за промоција на алтернативниот транспот и пешачењето. Под слоганот „Пешачи со нас“, младите ентузијасти на Гоу Грин се самоорганизираа за да ги поттикнат своите сограѓани да пешачат и користат велосипед или јавен превоз. Во 7-те града каде е присутна Биди Зелен Мрежата: Скопје, […]

ОД ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ПА СЕ ДО ДУШЕЦИ – голема креативност на граѓаните за што и каде може да се фрла ѓубре

На 21 септември (сабота) по повод Светската акција за чистење се организираа акции за чистење на несовесно одложеното ѓубре во 7 града: Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Битола и Прилеп. Над 500 граѓани се вклучија во акциите кои помогнаа да се отстранат околу 400 ќеси ѓубре, неколку камиони суви гранки, листови, габаритен отпад како душеци, […]

Велосипедски патеки село-село или село-град

Во периодот од 10-ти до 18-ти септември, волонтерите на Гоу Грин во Скопје, ги анкетираа средношколците од средните училишта во Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп и Битола. Анкетата беше спроведена во рамки на „Европската недела на мобилност“ која има за цел промоција на алтернативните форми на транспорт. Младите активисти од Гоу Грин се вклучени во […]

ЛОКАЦИИТЕ ОДРЕДЕНИ, ГРАЃАНИТЕ СПРЕМНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ

Изминатиов период, тимот на Гоу Грин во координација со средношколците и општините на Куманово, Гостивар, Кичево, Тетово, Битола и Прилеп ги одреди локациите за одбележување на Светската акција за чистење на 21 септември (сабота). Локациите каде има несовесно одложено ѓубре беа предложени од самите граѓани и од општините. Доколку сакате да се приклучите на некоја […]

Е-тротинетите и нивното регулирање во Скопје

Во периодот од 10-ти до 18-ти септември, волонтерите на Гоу Грин во Скопје, ги анкетираа средношколците од средните училишта Орце Николов, Раде Јовчевски Корчагин, Јосип Броз Тито, Никола Карев, Здравко Цветковски, Боро Петрушевски и Марија Кири Склодовска, за нивното мислење околу електричниот тротинет. Анкетата беше спроведена во рамки на „Европската недела на мобилност“ која има […]