60 средношколци од Скопје, Гостивар, Тетово, Кичево, Прилеп, Битола и Куманово учествуваа на Еко-семинарот од 28-30 август во хотел Сулферино, Струга. Предводени од тренерите на Гоу Грин, младите се запознаа со организацијата и нејзините активности. Преку работилниците, тие се едуцираа на теми како: климатски промени, важноста на доживотно образование, обновливи извори на енергија, транспорт, намалување на отпад итн, со што понатаму се регрутираа по области (акција, едукација, промоција) со цел да се вклучат во идните активности на Гоу Грин. 

Целите на семинарот беа:

  1. Верба дека може да се направи промена и дека таа почнува од нас 
  2. Знаење за климатските промени и улогата на средношколците
  3. Разбирање за платформата на Гоу Грин и можностите за личен развој и активно учење и активизам за животната средина
  4. Создавање желба за учење и континуирано надоградување  

Некои од коментарите на средношколиците за семинарот:

Окан Бајрами, Гостивар

  • Научив многу информации кои досега не ги знаев, и се запознав со луѓе од други градови. 

Ивана Стефановска, Прилеп

  • Значеше огромна дружба, размена на искуства, примање на голем број информации и учење на многу нови работи.

Евгенија Котеска, Прилеп

  • Нови искуства, работи за кои не сум размислувала дека би ги правела. Дека би можела да организирам акција. Дружба, позитивна енергија, нови знаења и пријателства.

Васил Ханџиски, Скопје

  • За мене семинарот беше врата кон екологијата, нови искуства и незаборавни пријатества кои ќе ги памтам цел живот.

Леонид Сајков, Битола

  • Кампот за мене значеше можност да ги развијам сопствените вештини и да стекнам нови знаеа, аи сотвремено да направам нови долготрајни пријателства. 

Изабела Крстеска, Прилеп

  • Супер искуство, нови знаења, монгу нови пријателства и нови друштва. Се едуциравме за разни теми поврзани со екологија и лидерство.

Леонита Зенери, Кичево

  • Секогаш е добро да имаме ново друштво. Овој семинар ни даде нови информации, не научи за нешто ново и не зближи повеќе со природата

Рита Идризи, Тетово

  • Семинарот за мене беше едно ново искуство со многу различни активности и запознавање на нови пријателства. Дознав многу информации за еколошки теми и се зближив со неа. 

Симона Младеновска, Скопје 

  • Ново искуство, нови пријателства и добра насока понатаму во животот.

Во престојниот период, Гоу Грин организира активности во рамки на ЕУ мобилити неделата, 16-22 септември, а и по повод Светскиот ден на чистењето се организираат акции за чистење на 21 септември. Во рамки на семинарот учесниците организираа и акција за чистење на Струшките плажи каде само на растојание од 200 метри наполнија 30 големи вреќи со ѓубре. Оваа акција уште повеќе им ја засили мотивацијата на средношколците да се активираат за почиста и поздрава животна средина. 

Еко-семинарот беше организиран со финансиска поддршка од Фондацијата Хајнрих Бол, Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ, Амбасадата на Франција во Скопје, и Европската Унија преку здружението „Еко-свест“.