Гоу Грин е здружение за одржлив развој и заштита на животната средина основано на 01.02.2010 година во Град Скопје, Република Северна Македонија.

М И С И Ј А

Нашата мисија е да развиваме вредности и принципи за одржлив развој и да овозможуваме образование и практични решенија за заштита на животната средина.

В И З И Ј А

Нашата визија е да имаме свет во мир каде луѓето живеат во целосна хармонија со природата.

Стратешки области на Гоу Грин 2020-2023

Стратегиската цел ни е да имаме млади кои се мотивирани да ја зачуваат и унапредат животната средина, кои активно учат за еколошки теми и учествуваат во креирање на еколошки и климатски политики на секое ниво. Областа младински еко-активизам се состои од вклучување и активирање на млади луѓе, на возраст од 15 до 29 години, кои имаат идеи, желба и ентузијазам да дејствуваат и придонесат кон решавање на еколошките проблеми и подобра животна средина.

Стратегиска цел ни е да влијаеме врз формалното и неформалното образование за поголемо интегрирање на климатските промени и одржливиот развој во образовните програми. Преку неформалните образовни програми развиваме младински еко-лидери и собирачи на секундарни суровини, а заедно со училиштата и институциите го подобруваме формалниот образовен процес.

Стратегиска цел ни е да им овозможиме поддршка на ранливите групи со знаење, вештини, работни места во зелената економија. Зелената економија за нас значи покрај зачувување на животната средина и овозможување социјална еднаквост и правда.

Стратегиска цел ни е да воспоставиме механизам за комуникација и споделување информации помеѓу организациите во различните земји (С. Македонија, Белгија, Хрватска) и со тоа да го зајакнеме знаењето и капацитетите да реализираме меѓународни проекти. Во оваа стратегиска цел исто така спаѓа и само-одржливоста преку нудење на свои услуги и производи под брендот на Гоу Грин.

Нашиот стратегиски план 2017-2019 е основата за проектите и годишните акциони планови на организацијата. Документот „стратегиски план 2017-2019“ ги објаснува целите и стратегиите на организацијата и дава краток преглед на историјата на организацијата.

Годишни наративни и финансиски извештаи