Како дел од проектот „Ја собираме пластиката од дома“, поддржан од Град Скопје, имаме
потреба за ангажирање на двајца фацилитатори кои стапат во контакт со 400 домаќинства од
населба Лисиче, општина Аеродром. Фацилитаторите ја имаат улогата на претставување и
запознавање на „домаќините“ со собирачите на отпад кои ќе бидат задолжени за собирањето на
отпадот од нивниот дом.

Целта на проектот е да се овозможи систем за услуга за собирање на отпад „од врата на врата“,
конкретно за пластиката, со што се поддржува интеграцијата на неформалните собирачи на отпад.
Поконкретно, се избираат 10 неформални собирачи на отпад кои ќе бидат задолжени за
домаќинствата кои ќе почнат примарна селекција во домовите, првенствено на пластика.
Фацилитаторите се лица кои ќе бидат клучни за првичен контакт со домаќинствата и склучување
на соработка со истите. Ангажманот на фацилитаторите е 1 месец или се додека не се стапи во
контакт со 400 таргетирани домаќинства.

Хонорарот изнесува 16,500 денари (бруто износ). Критериум за избор на фацилитаторите ќе биде
да бидат образование, елоквентни во изразувањето, со претходно искуство со теренска работа и
комуникација со граѓани и (идеално) домаќинства.

Кандидатите треба да испратат кратка биографија на info@bidizelen.org најдоцна до 20.06.2018.