Гоу Грин поднесе барање и препораки до Министерството за образование и наука за нацрт верзијата на коцнепцијата за основно образование за поголема интеграција на образованието за климатски промени.

Имено, во документот (достапен за читање тука), бараме:

  1. „Климатски промени и одржлив развој“ да биде дел од изборни предмети за проширување/продлабочување на наставните содржини од задолжителните наставни предмети.
  2. Препознавање на важноста на ЗЕЛЕНИТЕ компетенции

НАША ЗАЛОЖБА:
На долг рок „Климатските промени и одржливиот развој“ ги гледаме како интегриран дел од сите задолжителни наставни единица (хоризонтална интеграција) бидејќи природата на климатските промени е мултидисциплинарна и вклучува знаења од природните науки (енергија, биодиверзитет, обновливи ресурси, фосилни горива), општествена (зелена економија, миграција, климатска правда итн.), и технички науки (машински, електротехнички, градежни).

Исто така, БАРАМЕ ЗЕЛЕНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ да бидат континуирано застапени во Концепцијата како што тоа е нагласено на страна 3 од Нацрт концепцијата … се нагласува потреба за градење дигитална и зелена Европа, зелените вештини, пристапи, наставни содржини да бидат застапени на сите места каде што се застапени и дигиталните вештини.

Дополнително, според истражувањето за застапеност на образованието на климатски промени во деветгодишното основно образование на Република Северна Македонија, 80% од наставниците сметаат дека треба да се воведе образование за климатски промени.

Целосниот документ со барањата, препораките и заложбите прочитајте го тука.