Од 17-19 декември се одржа онлајн Курсот за климатска дипломатија на кој учествуваа 20 млади амбасадори за климатски промени.

Курсот траеше 3 дена и имаше за цел да ги запознае учесниците со процесот на преговори за решавање на климатските промени, што е климатска дипломатија, Конференција за климатски промени на ООН, Парискиот договор и престојниот СОР26 во Глазгов, Обединетото Кралство.

На отворањето беше присутна и Д-р Теодора Обрадовиќ – Грнчаровска, државен советник за климатски промени во МЖСПП и национален контакт кон Конвенцијата на ОН за климатски, која го отвори курсот со зборовите: „Од вас млади eнтузијасти очекувам, користејќи знаење и на наука засновани информации да бидете промотори на добрите климатски акции во своите средини и пошироко, бидејќи само со знаење и со заеднички сили ќе можеме да го реализираме зеленото сценарио од националните климатски политики како најисплатливо за иднината на државата“.

Исто така, дел од курсот беше и Симона Гетова од Kolektiv-Z Young Friends of the Earth Macedonia која што зборуваше за климатска правда и за „националниот зелен договор“ и процесот на визионирање на Коалиција на иднината.

Во продолжение и впечатокот од два млади амбасадори:

Најмногу впечаток ми остави делот каде што направивме симулација на како би изгледале преговори помеѓу различни засегнати страни. Би сакала да споделам дека со овој курс ми стана уште појасно колку е важна климатската диполоматија, се со цел подобро утре. – Ева Стојчевска, 16 години, СУГС Никола Карев, Скопје
Не постои една работа која што можам да ја издвојам, но ќе кажам симулацијата ми беше доста интересна затоа што тоа беше на некој начин да видиме како се преговара и лобира, што лично за мене тоа ми е доста интересно.- Ненад Бојковски, 21 година, Правен факултет Јустинијан Први, Скопје
Амбасадорите беа одбрани преку претходно спроведено интервју, и врз основа на нивниот интерес, мотивација и знаење беа поканети на Курсот, како примарен услов за учество на симулацијата на конференцијата за климатски промени која ќе се одржи во февруари.
Проектот Млади амбасадори за климатски промени е финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.
************************