Зелени вештини за млади

Декември 2018-мај 2019 Остварени цели: мапирање на зелени занимања и работни места креирање на база на обучувачи за зелени занимања зголемено знаење и вештини на средношколци на теми поврзани со заштита на животната средина, климатски промени, одржлив развој, и квалитет на воздух. вклучени работодавци кои овозможуваат „учење од сенка“ на средношколците кај вработени кои имаат […]

Мојот предлог за зелена општина

Проектот „Младински дигитален еко-активизам“ има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во предизборниот период на локалните избори, да дадат предлози за зелени општини и истите да бидат промовирани на социјалните медиуми и преку промоција на разни дигитални содржини да се добие поддршка од што повеќе млади за да кандидатите градоначалници ги […]

Застапување на социјалните претпријатија за управување со отпад

Април 2021 – Декември 2022 Овој процес на застапување се спроведува под програмата за социјална инклузија и зелена економија. Проектот има еколошка и социо-инклузивна компонента и има за цел поставување на систем за примарна селекција на неопасен отпад во станбените згради, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина, намалување на количините на отпад […]

Образованието клучно во борбата со климатските промени – заклучоци од видео-конференцијата

Во средата, 13 мај, со почеток во 20.30ч се одржа видео-конференција на тема „Значењето на образованието за справување со климатските промени“ на која учествуваа 63 учесници [конференцијата може да ја погледете тука].  Целта на видео-конференцијата беше да се поттикне дијалог помеѓу младите и институциите за потребата од суштинска застапеност на образованието за климатски промени во […]

Значењето на образованието за справување со климатските промени – видео-конференција

Брзата промена во светот не’ принудува да преземеме значајни мерки со цел да се справиме навремено со предизвиците. Еден од позначајните е справувањето со климатските промени.  Тие ги менуваат потребите и на пазарот на труд: потребни се зелени работни места. Но што значат тие? Кое образование е потребно за идните генерации да се спремни, образовани […]

Инфо состаноци со ученици од средните училишта

Минатата недела се одржаа инфо-состаноци со ученици од средни училишта во Скопје, Прилеп и Гостивар. При посетата, претставници од Гоу Грин и волонтери на организацијата извршија презентација во училиштата за да ги информираат и заинтересираат учениците да се приклучат на мрежата и да формираат Биди-Зелен-Клубови (БЗК) во нивните училишта. БЗК претставува неформално здружување на ученици […]

Проширување на мрежата на „Биди-Зелен“ клубовите во средните училишта надвор од Скопје

Тимот на Гоу Грин остварува средби со претставници на општините и директорите на училиштата каде ќе се формираат Биди-Зелен-Клубови. Клубовите се неформални тимови на ученици кои се организираат и се активираат на теми од областа на демократијата и животната средина. Оваа година (2019) клубови ќе се формираат во општините Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово […]

Младински еко-глас за промена во средните училишта (воспоставување на национална младинска еколошка мрежа)

Март-октомври 2019 Ученицте во РСМ не учествуваат во организации или здруженија на млади. Според истражувањето „Младинско учество во Македонија“ од МОФ и Реактор, околу 70% од учениците во средните училишта не знаат дека има ученички организации во нивното училиште, а 81% никогаш не учествувале во ученичка заедница. Главната цел на проектот е да се воспостави […]

Приклучи се на „Гоу Грин – Биди Зелен“

Сите млади од 15 до 29 години кои сакаат да се едуцираат, активираат и да придонесат за чист воздух и здрава животна средина  можат да станат членови на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин – Биди Зелен“.

Зошто програмата “Направи Сам”?

Климатските промени и загадувањето на воздухот претставуваат едни од најакутелните предизвици за сите граѓани. Особено загадувањето на воздухот во Скопје,Тетово, Велес, Прилеп, Битола и други градови низ државата претставува сериозна закана за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Скопје неретко е најзагаден град во светот.