Во рамки на проектот „Училишта на сончева енергија“ се отвара повик за експерт кој ќе направи модел за пресметка на јаглероден учинок по училиште.

Општа цел на проектот е да создаде мрежа на средношколци кои активно учат и вршат јавен притисок врз надлежните институции за поголема застапенoст на сончевата енергија и образованието за климатските промени.

За потребите на анализата на јаглеродниот учинок од средните училишта ќе се ангажира експерт кој врз база на податоците од средните училишта (месечните трошоци за струја, енергенсот со кој се затоплува училиштето и слично) ќе направи пресметка на јаглеродниот учинок на секое училиште.

Три средни училишта, односно по едно од Битола, Скопје и Кичево ќе бидат предмет на првичната анализа. Потребните податоци ќе се обезбедат во соработка училишната администрација.

Експертот ќе направи и модел за пресметка на јаглеродниот учинок за училиштата кој ќе може да се користи и за други училишта. Исто така ќе изработи и прирачник разбирлив за учениците за да може и понатаму да се користи за пресметки на други средни училишта. 

Одлуката за избор на експертот ќе ја направи комисијата составена од проектниот менаџер, извршниот директор и член на управен одбор.

Предвидени активности:

  • Изработка на модел за пресметка на јаглеродниот учинок за училишта.
  • Изработка на прирачник за користење на моделот, разбирлив за учениците со цел и понатамошно користење на алатката за пресметки на други средни училишта.
  • Одржување на работилница со членовите на Гоу Грин кои ќе работат во понатамошна кампања за проектот, каде што ќе се објасни моделот

Очекувани резултати од ангажманот на консултантите:

  • Модел за пресметка на јаглеродниот учинок за училишта
  • Прирачник со објаснувања и инструкции за користење на моделот
  • Успешна работилница со членовите на Гоу Грин кои ќе работат во понатамошна кампања за проектот

Работен ангажман: октомври и ноември 2019 година

Надоместок: На експертот за остварување на работните задачи ќе му бидат исплатени 47.644 денари брутo.

Профил на експертот:

  • Да има знаење и искуство во пресметка на јаглероден учинок (carbon footprint) на објекти
  • Способност за индивидуална работа и запазување крајни рокови

Начин на пријавување:

Доколку сте заинтересирани да се пријавите, ве молиме да ја испратите вашата биографија (CV) на следната електронска адреса: gogreen@bidizelen.org. Краен рок за пријавување е 23.09.2019.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, програмата за доделување грантови на проектот „Да зборуваме за климатски промени“ финансиран од ЕУ, а спроведуван од Гоу Грин Скопје, односно Еко свест во партнерство со ДЕМ и CNVP.