Секојдневниот живот исполнет со милион обврски и технологија ги доведува младите да живеат стресен и нервозен живот исполнет со напорни денови. На младите им се даваат големи одговорности и се очекува да бидат успешни во се што работат, а сепак ретко се зборува за заштита на нивниот дух и здравје. Токму затоа, младинската размена “Healthy Lifestyle” има за цел да создаде место каде што младите ќе можат да ги споделат своите стравови и соништа и притоа да научат како да го зачуваат своето психичко и физичко здравје.

Размената ќе се одржи од 23.04 до 03.05 во Остерхолз-Шармбек, близу Бремен, Германија во рамките на Еразмус+ програмата на Европската Комисија.

Повикот е наменет за сите млади лица од 16 до 23 години кои се способни да комуницираат на англиски јазик. Организаторите ќе ги покријат трошоците за сместување и храна како и патните трошоци на учесниците до 275 евра.

Сите информации поврзани со активностите и местото на одржување може да се најдат на следниот линк: Infopack – Healthy lifestyle 

Покрај учесници од нашата држава ќе учествуваат и млади од Хрватска, Германија и Шпанија.

Во продолжение можете да прочитате повеќе информации за целите на проектот. Доколку сте заинтересирани да земете учество во младинската размена, пополнете го формуларот за пријавување најдоцна до 31-ви јануари. Доколку имате прашања можете да ни се обратите на info@bidizelen.org со назнака Прашање “Healthy Lifestyle”.

Главни цели на размената:

  • Развивање на свеста кај младите за нивната добросостојба и за нештата кои што ги прават нервозни и под стрес
  • Зголемување на свеста кај родителите за добросостојбата на нивните деца
  • Учење на соодветни алатки за олеснување на секојдневието како: медитација, јога, готвење, спорт, рефлексија и самосвесност
  • Мултиплицирање на резултатите на младите во својата локална средина

Доколку сакаш да бидеш дел од оваа размена, пополни ја апликацијата: [GG] APPLICATION FORM for E+ YE Healthy Lifestyle најдоцна до 31/01/2019, 23:59h и испрати ја на info@bidizelen.org со назнака Апликација “Healthy Lifestyle”.