Тимот на Гоу Грин остварува средби со претставници на општините и директорите на училиштата каде ќе се формираат Биди-Зелен-Клубови. Клубовите се неформални тимови на ученици кои се организираат и се активираат на теми од областа на демократијата и животната средина. Оваа година (2019) клубови ќе се формираат во општините Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово и Велес.

Проширувањето во секоја општина се одвива по принцип 1 гимназија и 1 стручно училиште со цел да има застапеност од различни образовни профили. Целта е да се воспостави соработка и учење измеѓу гимназиите и стручните училишта за да дознаат за вредноста која ја имаат со своето образование, особено од аспект на развој на зелена економија и зелени работни места.

Годинава пристапот кон знаењето ќе биде со изготвување на он-лајн видеа на теми од областа на демократијата (младинското учество), климатските промени и аерозагадувањето, зелената економија и работни места, управувањето со отпад, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и електричниот транспорт.

Мрежата на „Биди-Зелен-Клубови“ е координирана од извршната канцеларија на Здружението која дава поддршка во едукацијата, развојот на идеи и проекти, и имплементацијата на локални акции во училиштето и општината. Извршната канцеларија е во процес на развивање на стратегиска соработка со здружението „ОХО“ за да се оствари синергија на еколошките образовни програми кои се спроведуваат низ училиштата во целата земја.

Секој заинтересиран ученик или општина може да не контактира за воспоставување на БЗК на info@bidizelen.org или antonio@bidizelen.org.

Здружението Гоу Грин и Mрежата на „Биди-Зелен-Клубови“ е поддржана од германската фондација „Хајнрих Бол Штифтунг“.