EU Youth Cinema: Green Deal, кофинансиран од Европската Унија, е проект посветен на одржлива Европа и ги прикажува целите на Европската унија во филмски конкекст. Ова го правиме и на транснационално ниво: со поддршка од партнерите, EU Youth Cinema: Green Deal ќе се одвива паралелно во С.Македонија, Австрија, Хрватска, Словенија и Романија. Австриското министерство за климатска акција, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија го поддржува овој проект и помага во размената на добри практики за заштита на животната средина на меѓународно ниво.

Програмата се заснова на внимателно одбрана филмска колекција од вкупно 25 европски филмови, кои ќе бидат прикажани во кино салите во 21 европски града, и како можност да се гледаат на интернет. Исто така, програмата ќе биде придружена со ажурирани дидактички материјали и тематски поврзани дискусии, работилници и предавања со релевантни гости. Право на учество имаат училишни класови и младинските групи кои се регистрирани од нивните наставници или одговорни преку овој онлајн формулар. Местата во киното се ограничени и ќе бидат распределени на регистрираните. Понудата за стриминг е достапна за регистрираните училишни класови и групи без ограничување во земјите споменати погоре. Професорите и наставниците ќе добијат разработени дидактички материјали за подготовка и работа со учениците.

Целосната програма е без надомест за сите регистрирани училишта и младински групи.

Линк за регистрација: https://www.youth-cinema.eu/mk

За прашања, барања и предлози слободно контактирајте не’ на info@bidizelen.org.