Младите од четири средни училишта на територија на Град Скопје ја одбележаа Европската недела за помалку отпад со неколку активности. Средношколците преку овие активности го адресираат проблемот на премногу отпад од облека кој се создава во средношколските години и начините како таа облека да се пренамени или реупотреби.
Резултати од акциите на национално ниво Здружението Гоу Грин го организираше „Светскиот ден на чистење“ во нашата земја, кој се одржа на 15 септември во 158 земји во светот. Според проценките, во Македонија се приклучија 985 волонтери кои чистеа на 49 локации од 32 општини и беше собран околу 7 тони отпад. Здружението Гоу Грин […]
Секоја година над 2000 градови во светот ја одбележуваат Европската недела на мобилност, ставајќи акцент на одржливите превозни средства и на поволностите на граѓаните од еден вело, car-free, одржлив град. Оваа година Гоу Грин ја одбележа неделата со неколку активности. По трети пат се одржа конференцијата Bike & Learn во која беа вклучени средношколци од [...]
На 15 септември (сабота), ќе се случи најголемата акција во светот за чистење на отпадот како дел од „Let’s Do It! World“, кое е најбрзорастечкото граѓанско движење во светот, кое ги поврзува и ги охрабрува граѓаните, општините, компаниите и владите да ги исчистат своите земји од лошо управуваниот отпад. Од 2008 година, речиси 20 милиони […]
Денес во месната заедница во населбата Лисиче се одржа јавен настан на кој се одбележи почетокот на собирањето на пластиката од домаќинствата во населба Лисиче, од страна на неформалните собирачи на отпад. На настанот, Здружението „Гоу Грин“ и „Ромски Бизнис Информативен Центар“, заедно со Град Скопје и Општина Аеродром, им доделија „ХТЗ“ опрема , џамбо […]
Од јануари 2018 досега се мапирани 73 точки со отпад во 10 општини. Акцијата за мапирање трае до 20 август, по што би следел процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика. Во пресрет на Светскиот ден на чистење кој ќе се одржи на 15 септември 2018 година, инициран од [...]
Од денеска почнува акцијата за собирање на пластиката од домовите во населбата Лисиче, како дел од проектот „Ја собираме пластиката од дома“, имплементиран од здружението „Гоу Грин“ и „Ромски Бизнис информативен центар“. Акцијата вклучува 400 домаќинства во населба Лисиче, на кои ќе им бидат доделени 2 ќеси за да ја селектираат својата пластика. Една ќеса [...]
Во рамки на фестивалот „Аларм за природата 2018“ кој во организација на граѓанското здружение Бивиум се одржа минатиот викенд во автокампот Ливадишта, беа детектирани над 15 диви депонии во поблиската околина. Голем дел од депониите се наоѓаат во непосредна близина под патот кој ги поврзува селото Радожда и населбата Елен Камен и содржината од депониите [...]
Мапирај го ѓубрето и помогни да биде историја! На 15 септември 2018 година, милиони волонтери во 150 земји ќе се обединат за да го исчистат светот во еден ден. Овие земји ќе бидат исчистени од расфрлениот отпад како дел од најголемата граѓанска акција во историјата на човештвото. За да можеме да го исчистиме отпадот, треба […]
Младинската еколошка организација Go Green – Биди Зелен во соработка со Ски Центар Маврово организираше акција за чистење во Национален Парк Маврово. Иако паркот има бројни убавини, посетителите постојано ги уништуваат контејнерите за отпад и на тој начин не ја одржувааат природата чиста. Целта на оваа акција беше Маврово да се исчисти од […]