Инфо состаноци со ученици од средните училишта

Минатата недела се одржаа инфо-состаноци со ученици од средни училишта во Скопје, Прилеп и Гостивар. При посетата, претставници од Гоу Грин и волонтери на организацијата извршија презентација во училиштата за да ги информираат и заинтересираат учениците да се приклучат на мрежата и да формираат Биди-Зелен-Клубови (БЗК) во нивните училишта. БЗК претставува неформално здружување на ученици […]

Програмата “Направи Сам” започна да се реализира во ОУ “Мирче Ацев” и ОУ “Невена Георгиева Дуња”

Во рамки на проектот “Направи Сам” започна да се одржува курс за изработка на макета од зелена населба со чист воздух. Идејата зад програмата е да ги инспирира младите ученици да преземат акција и да научат повеќе за аеозагадување и мерките кои се потребни за да имаме чист воздух.

Приклучи се на „Гоу Грин – Биди Зелен“

Сите млади од 15 до 29 години кои сакаат да се едуцираат, активираат и да придонесат за чист воздух и здрава животна средина  можат да станат членови на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин – Биди Зелен“.

Одржана обука во рамки на програмата “Направи Сам”

Во рамки на проектот “Направи сам”, Гоу Грин започна со спроведување на истоимената програма во три основни училишта. Програмата ќе биде директно имплементирана од страна на волонтери на возраст од 16-20 години. За таа цел, волонтерите беа присутни на дводневна обука која се одржа на 30-31ви јануари во Граѓански Ресурсен Центар.

Гоу Грин се залага за фер и граѓански систем за управување со отпад

На ден  07.02.2019 се одржа работна средба на координативното тело за соработка помеѓу граѓанските организации и Министерството за животна средина и просторно планирање, со Премиерот, г. Зоран Заев и Заменик министерот за животна средина, г. Јани Макрадули.

ЗДРУЖЕНИЕTO ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА ГОУ ГРИН СКОПЈЕ објавува повик за ОБУЧУВАЧИ И ПРОМОТЕРИ

Во рамки на проектот „Зелени вештини за млади“ се отвора повик за 3 млади луѓе (15-23 години) кои ќе спроведуваат програма за зелени вештини во средно училиште.

ГОУ ГРИН го проширува тимот за работа во Извршна Канцеларија – Повик за Координатор за членство

Координаторот за членство е позиција за членството на Гоу Грин. Позицијата означува координирање и администрирање на членството. Главни задачи и обврски на координатор на членство се:

Зошто програмата “Направи Сам”?

Климатските промени и загадувањето на воздухот претставуваат едни од најакутелните предизвици за сите граѓани. Особено загадувањето на воздухот во Скопје,Тетово, Велес, Прилеп, Битола и други градови низ државата претставува сериозна закана за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Скопје неретко е најзагаден град во светот.

Повик за учесници на младинска размена “Breaking bread, breaking barriers” во Германија од 15-25ти март

Доколку си млад човек кој е отворен за нови можности и пријателства, критичко размислување и љубеник на храната и нејзината подготовка оваа размена е одлична можност за тебе да стекнеш ново, несекојдневно искуство.

Go Green & Scouts – Обединување за здрава животна средина и чист воздух

Гоу Грин – Скопје заедно со Сојузот на извидници на Македонија оддржа дводневен тим билдинг на 12ти и 13ти декември во планинарскиот дом на извидничкиот одред Јадран во село Брезица, Катлановско.