Во рамките на проектот „Училишта на сончева енергија“ се отвара конкурс за дизајн на лого. Логото ќе се користи низ текот на кампањата и ќе биде дел од сите промотивни материјали за истата.

Во рамките на проектот „Училишта на сончева енергија“ се отвара конкурс за дизајн на лого. Логото ќе се користи низ текот на кампањата и ќе биде дел од сите промотивни материјали за истата.
Минатата недела се одржаа инфо-состаноци со ученици од средни училишта во Скопје, Прилеп и Гостивар. При посетата, претставници од Гоу Грин и волонтери на организацијата извршија презентација во училиштата за да ги информираат и заинтересираат учениците да се приклучат на мрежата и да формираат Биди-Зелен-Клубови (БЗК) во нивните училишта. БЗК претставува неформално здружување на ученици […]
Во рамки на проектот “Направи Сам” започна да се одржува курс за изработка на макета од зелена населба со чист воздух. Идејата зад програмата е да ги инспирира младите ученици да преземат акција и да научат повеќе за аеозагадување и мерките кои се потребни за да имаме чист воздух.
Сите млади од 15 до 29 години кои сакаат да се едуцираат, активираат и да придонесат за чист воздух и здрава животна средина можат да станат членови на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин – Биди Зелен“.
Во рамки на проектот “Направи сам”, Гоу Грин започна со спроведување на истоимената програма во три основни училишта. Програмата ќе биде директно имплементирана од страна на волонтери на возраст од 16-20 години. За таа цел, волонтерите беа присутни на дводневна обука која се одржа на 30-31ви јануари во Граѓански Ресурсен Центар.
На ден 07.02.2019 се одржа работна средба на координативното тело за соработка помеѓу граѓанските организации и Министерството за животна средина и просторно планирање, со Премиерот, г. Зоран Заев и Заменик министерот за животна средина, г. Јани Макрадули.
Во рамки на проектот „Зелени вештини за млади“ се отвора повик за 3 млади луѓе (15-23 години) кои ќе спроведуваат програма за зелени вештини во средно училиште.
Координаторот за членство е позиција за членството на Гоу Грин. Позицијата означува координирање и администрирање на членството. Главни задачи и обврски на координатор на членство се:
Климатските промени и загадувањето на воздухот претставуваат едни од најакутелните предизвици за сите граѓани. Особено загадувањето на воздухот во Скопје,Тетово, Велес, Прилеп, Битола и други градови низ државата претставува сериозна закана за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Скопје неретко е најзагаден град во светот.
Секојдневниот живот исполнет со милион обврски и технологија ги доведува младите да живеат стресен и нервозен живот исполнет со напорни денови. На младите им се даваат големи одговорности и се очекува да бидат успешни во се што работат, а сепак ретко се зборува за заштита на нивниот дух и здравје. Токму затоа, младинската размена “Healthy […]