Одржана обука во рамки на програмата “Направи Сам”

Во рамки на проектот “Направи сам”, Гоу Грин започна со спроведување на истоимената програма во три основни училишта. Програмата ќе биде директно имплементирана од страна на волонтери на возраст од 16-20 години. За таа цел, волонтерите беа присутни на дводневна обука која се одржа на 30-31ви јануари во Граѓански Ресурсен Центар.

Зошто програмата “Направи Сам”?

Климатските промени и загадувањето на воздухот претставуваат едни од најакутелните предизвици за сите граѓани. Особено загадувањето на воздухот во Скопје,Тетово, Велес, Прилеп, Битола и други градови низ државата претставува сериозна закана за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Скопје неретко е најзагаден град во светот.

Гласот на младите за еколошки промени во училиштата

Средношколци од СУГС Раде Јовчевски Корчагин, СЕПУГС Васил Антевски Дрен, СУГС Орце Николов и СГГУ Здравко Цветковски беа учесници на лидерскиот камп кој се одржа во Хотел Сулферино Струга од 28-31ви август. Во текот на лидерскиот камп младите преку реални ситуации вежбаа демократија и ги споделуваа своите училишни искуства, но и истражуваа за аерозагадување и [...]