Новости

Тротинетите, велосипедите и пешаците во фокус во текот на ЕУ Неделата на мобилност

Фокусот на овогодинешната „Европска недела на мобилност“ (European Mobility Week) е „Безбедно пешачење и возење велосипед“ а ќе трае од 16 до 22 септември. Гоу Грин традиционално се вклучува во подигнувањето на свеста кај граѓаните за важноста од напуштање на комфорот и автомобилите, и ангажирање на граѓаните да почнат да користат јавен транспорт, велосипед, да […]

Повик за волонтери и партнери за Светската акција за чистење

World Clean up Action, или Светската акција за чистење ќе се одржи на 21 септември (сабота). На овој ден, Милиони луѓе од 157 држави ќе се вклучат во борбата против отпадот на улиците, реките, плажите, планините и сите други места каде има несовесно отстранет отпад.. Учесник на акцијата може да биде кој било граѓанин, група […]

Повик за експерт кој ќе направи модел за пресметка на јаглероден учинок по училиште

Во рамки на проектот „Училишта на сончева енергија“ се отвара повик за експерт кој ќе направи модел за пресметка на јаглероден учинок по училиште. Општа цел на проектот е да создаде мрежа на средношколци кои активно учат и вршат јавен притисок врз надлежните институции за поголема застапенoст на сончевата енергија и образованието за климатските промени. […]

EKO-СЕМИНАР „МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ И ЧИСТ ВОЗДУХ“

60 средношколци од Скопје, Гостивар, Тетово, Кичево, Прилеп, Битола и Куманово учествуваа на Еко-семинарот од 28-30 август во хотел Сулферино, Струга. Предводени од тренерите на Гоу Грин, младите се запознаа со организацијата и нејзините активности. Преку работилниците, тие се едуцираа на теми како: климатски промени, важноста на доживотно образование, обновливи извори на енергија, транспорт, намалување […]

Заедно за заштита на природата – Гоу Грин и Green Circle во Хортобаг, Унгарија

Еколошките организации Гоу Грин од Македонија и Green Circle од Унгарија започнаа да развиваат партнерство за време на ЕU – China NGO twinning програмата во 2018 година преку нивните претставници Марија Кекеновска, Ласло Киш и Антал Молнар.

Повик за учесници на младинска размена „PAMELA Evolution“ во Германија

  Дали идејата да поминеш 10 дена во друга земја со млади од различни националности ти звучи интересно? А што ако на тоа ја додадеме и можноста да создаваш музика и уметнички дела, да пишуваш и да ја искусиш уметноста на поинаков начин?

ОСНОВНИ СОВЕТИ ЗА ЕКОЛОШКО ОДНЕСУВАЊЕ НА ФЕСТИВАЛИ

За време на летниот период се организираат најмногу музички фестивали кои создаваат многу отпад, најмногу од пластика за една употреба. Доколку и вие учествувате на некој настан летово, еве што може да направите за да делувате одговорно и да ја заштитите природата. 1) Спакувај се лесно Земи повеќе памучни маички по кратки, еден пар шорцеви […]

Гоу Грин и Зелени работни места во Владата на РСМ

На ден 27 јуни 2019, со почеток во 11ч се одржа петтиот од серијата „Отворени денови за иницијативи на граѓански организации“, кој се однесуваше на Младинските политики за 2019-та година. На седницата се разговараше за прогресот на иницијативите на младинските организации, кои беа претставени во документот нарчен „БРИФ“ (линк). Една од точките, со реден број […]

МЛАДИНСКА РАБОТА И ЗЕЛЕНО (СОЦИЈАЛНО) ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Здружението „Гоу Грин“ претставувано од Антонио Јовановски учествува на конференцијата Youth@Work од 25 до 29 јуни во Истанбул, Турција. Јовановски, извршен директор на здружението, како дел од Pool of Trainers за Youth@Work Partnership, одржува работилница на 27 јуни на тема „Пласирање на младинската работа на картата“ со цел да се препознае важноста на младинската работа […]

АКЦИЈА, СЕЛЕКЦИЈА И РЕУПОТРЕБА за помалку отпад

Со проектот ќе се подигне свеста кај граѓаните за принципите на превенција, селектирање и реупотреба на отпадот, и воедно ќе се активираат граѓаните, со посебен фокус на младите луѓе, да се вклучат во акции за чистење, селекција, реупотреба на отпадот и едукација на населението. Цел Промоција, поттикнување и активно вклучување на населението во селектирање на […]