Гоу Грин е здружение за одржлив развој и заштита на животната средина основано на 01.02.2010 година во Град Скопје,
Република Северна Македонија.

М И С И Ј А

Нашата мисија е да развиваме вредности и принципи за одржлив развој и да овозможуваме образование и практични решенија за заштита на животната срединa.

В И З И Ј А

Нашата визија е да имаме свет во мир каде луѓето живеат во целосна хармонија со природата.

Стратешки области на Гоу Грин

Создаваме мрежа на млади луѓе кои учат и се поттикнуваат да земат учество врз влијание и креирање на еколошки политики на локално, регионално, и меѓународно ниво.

Реализираме образовни програми за младински еко-активизам, одржлив развој, климатски промени, квалитет на воздух, управување со отпад, одржлив транспорт, како и за зајакнување на стручното образование на градежништво и енергетика.

Создаваме поволна средина за поддржа на зелени бизниси и влијаеме врз политики за развој на зелена економија и зелени работни места со фокус на секторот управување со отпад, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Нашиот стратегиски план 2017-2019 е основата за проектите и годишните акциони планови на организацијата. Документот „стратегиски план 2017-2019“ ги објаснува целите и стратегиите на организацијата и дава краток преглед на историјата на организацијата.

Годишни финансиски извештаи