Гоу Грин е здружение за одржлив развој и заштита на животната средина основано на 01.02.2010 година во Град Скопје,
Република Северна Македонија.

М И С И Ј А

Нашата мисија е да развиваме вредности и принципи за одржлив развој и да овозможуваме образование и практични решенија за заштита на животната средина.

В И З И Ј А

Нашата визија е да имаме свет во мир каде луѓето живеат во целосна хармонија со природата.

Стратешки области на Гоу Грин

Создаваме и развиваме мрежа од млади луѓе кои учат и се активираат во заштитата на животната средина,
како и креирање еколошки политики на локално, регионално и интернационално ниво.

Имплементираме образовни програми за младински еко-активизам, одржлив развој, климатски промени, квалитет 
на воздух, управување со отпад, одржлив транспорт. Зајакнуваме техничко образование во делот на конструкција
и енергенси.

Создаваме поволна средина за поддршка на зелени бизниси. Исто така, вијаеме на полиси за развивање на зелената економија и зелените работни места со фокус на секторот за управување со отпад, обновлива енергија и енергетска ефикасност.

Нашиот стратегиски план 2017-2019 е основата за проектите и годишните акциони планови на организацијата. Документот „стратегиски план 2017-2019“ ги објаснува целите и стратегиите на организацијата и дава краток преглед на историјата на организацијата.

Годишни финансиски извештаи