Јули 2021- Ноемвири 2021

Climate action starts with you(th) финансиран, поддржан од Британската амбасада во Скопје

Проектот има за цел да ги обучи младите за климатската криза и да ги мотивира самите да преземат активно учество во секојдневната борба против климатските промени. Преку коцката која е со димензии 4х4х4, што претставува волумен од 64м3, или една осмина од волуменот од 1 тон СО2, или 125 кг СО2, , визуелно ќе им претставиме што и колку емиисии испуштаат со нивните навики. Дополнително, коцката служи како видео-бим за проекција на филмови за кои што сами учесниците ја генерираат струјата со возење точаци. Станува збор чиста енергија, настаната со нула емисии и нула потрошена енергија. Коцката е рачно нацртана со графити од млад артист, која што од едната страна ќе ги долови последиците од климатски промени кои веќе ги чувствуваме и  катастрофите доколку не преземеме акција веднаш, а од другата страна е претставено едно одржливо општество кое што функционира со минимум емисии на CO2. Во Скопје, Гостивар и Охрид се организира караван со поставување на коцката преку ден, собирање на потписи на белите делови на ѕидовите, односно изјави и желби на младите луѓе за зачувување на планетата Земја и што би направиле тие во врска со климатските промени.