Февруари 2024 – Април 2025 

Green is Easy е E+ K210 small scale проект помеѓу Hellenic Youth Participation, Go Green Skopje и Las Ninas del Tul. Целта е да ги зајакне способностите на партнер организациите да инкорпорираат одржливи практики во работата, како и да ги усвојат зелените практики локално и пошироко додека ги промовираат истите.  
Овој проект вклучува снимање поткаст епизоди, пишување артикли и буклет, како и спроведување работилници и консултации со цел споделување на зелените практики кои се добиени преку поткаст епизодите. На овој начин ќе ја кренеме свеста кај организациите и општеството зошто зелените навики се корисни да бидат дел од нашето секојдневие. 
Специфични цели на проектот се:

  • Овозможување на малите организации да се вклучат во одржливи практики
  • Истакнување и промовирање на зелени практики на локално и пошироко Европски контекст. 

Проектот е кофинансиран од Европската унија.