
Престојните локални избори на 17-ти Октомври во С. Македонија се одлична можност за граѓанска вклученост за зазеленување на општините.
За таа цел, во периодот јули-август, младите зелени комсии спроведоа прашалник – Мојот предлог за зелена општина , опфаќајќи 6 општини (Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Прилеп, Куманово).
Прашалникот го пополнија повеќе од 550 млади луѓе кои ги дадоа своите идеи и предлози како нивните општини да станат поеколошки и позелени. Во прашалникот, младите наведуваа конкретен предлог и решение во нивната околина. Подоцна, младите зелени комсии од горенаведените општини ги филтрираа и ги одбраа најдобрите и најсоодветните предлози кои се во надлежност на општината, со цел да им се презентираат на кадидатите и кандидатките за градоначалнци во споменатите општини.
Предлозите за секоја општина посебно може да ги видите на следните линкови:
Младински Барања Куманово (МК)
Младински Барања Куманово (АЛ)
Преку брошурата изработена во рамките на проектот, младите имаат можност да научат што се зелени општини и дека постојат демократски алатки за вклучување во јавниот дискурс во кој тие можат да направат промена.
Овие активности се во рамки на проектот “Младински Дигитален Еко-Активизам за Зелени општини”финансиран од фондацијата Хајнрик Бол во Босна и Херцеговина.