Октомври-ноември 2017

Општа цел на проектот е воспоставување на систем за собирање на искористено масло за јадење од домаќинства и зголемено учество на производство на обновливи извори на енергија (биодизел) во Република Македонија. Во проектот беа вклучени и лиценцираната компанија за управување со отпадни масла и масти за јадење „Суниленс ДООЕЛ“, како и Здружениете на граѓани „Љубезност“.

Активности:

  • Работилницата за планирање, тим билдинг и едукација на волонтери

На 23ти октомври се одржа обука за спроведување на теренско истражување на тема „Селектирање на отпад во домаќинства со фокус на отпадното масло за јадење“. На обуката присуствуваа 15 млади кои претходно се пријавија на отворениот конкурс.

  • Испитување на јавното мислење за селектирање на отпад во домаќинствата со фокус на отпадното масло за јадење

Анкетирањето на терен и внесувањето на податоците се одвиваше во периодот од 23 октомври до 4 ноември. Целосниот извештај за испитувањето може да го преземете тука.

  • Јавна трибина на тема „Искористено масло за јадење во домаќинствата”

Јавната трибина беше организирана како дел од „Европската недела за помалку отпад“ и се одржа во ЕУ инфо центарот во Скопје на 20.11.2018. На јавната трибина отворање имаше Францускиот Амбасадор во Македонија Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние и Заменикот Министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

  • Доделување на кантички за собирање на отпадно масло за јадење во домаќинства

Целосниот извештај може да го преземете на следниот линк.

Донатор: Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ