Образованието е столб на иднината, какви ќе бидат идните генерации зависи од тоа кој пример им го задаваме на училиште. Моменталната состојба е дека училиштата во нашата земја не се енергетско-ефикасни, трошат струја од јаглен, и се греат на нафта или дрва.

Средношколците сакаат соларна енергија за нивните училишта 👉 http://chng.it/gnyGvkyMTb, бидејќи струјата што тие ја трошат доаѓа од јаглен, а тој директно ја загадува животната средина. Со солар-термал колектори училиштата ќе може да произведуваат и електрична енергија и енергија за греење.

Инфографиците се само визуелен приказ на тоа колку СО2 испушта едно училиште, и колку струја троши истото на годишно ниво.

Истажувањето беше направено со помош на Алатката за пресметка на јаглероден учинок кај училиштата, во рамки на проектот „Сакаме соларна енергија“, финансирано од Европската унија.