Фондацијата Конрад Аденауер во Република Македонија и еколошкото здружение Гоу Грин организираа настан за промоција на најновата публикација “Батерии – опасност или можност? Заштеда на ресурси преку рециклирање батерии”, кој се оддржа на 27 мај со почеток во 11:00 часот во Хотелот Порта во Скопје. Публикацијата има за цел да им послужи на општините успешно да го имплементираат Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и
акумулатори.
Настанот за промоција истовремено вклучуваше работилници наменети за претставниците на општините и бизнис секторот, на кои инспекторите за животна средина, производителите и увозниците дискутираа и споделуваа искуства на теми поврзани со инвестиции во системи за управување со отпадни батерии и организирање на системи за управување со отпадни батерии и електронски отпад на локално ниво.
Едни од главните препораки за унапредување на системот кои произлегоа од дискусијата на работилниците се:
– Да се засили надзорот на производителите (увозниците) на батерии
– Да се воведе минимум надомест за "малите производители"
– Развој на "Програма за општествена одговорност" за увозниците
– Континуирана јавна кампања за развој на свеста кај граѓаните
Проектот е поддржан од страна на министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Шведска во Скопје и Амбасадата на Норвешка во Белград.
Може да ја погледнете публикацијата на следниот линк – “Батерии – опасност или можност? Заштеда на ресурси преку рециклирање батерии”



