Во периодот од 10-ти до 18-ти септември, волонтерите на Гоу Грин во Скопје, ги анкетираа средношколците од средните училишта во Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп и Битола.

Анкетата беше спроведена во рамки на „Европската недела на мобилност“ која има за цел промоција на алтернативните форми на транспорт. Младите активисти од Гоу Грин се вклучени во Биди Зелен Мрежата, која е поддржана од фондацијата Хајнрик Бол Штифтунг и Град Скопје.

Целосниот документ од резултатите од истажувањето може да го преземете тука.

Главните заклучоци и препораки кои се донесоа се следните:

Мнозинството од испитаниците поседуваат велосипед го користат често во текот на неделата па и на дестинации подалеку од 5 км па затоа сметаме дека треба да се подобрат условите за користење на велосипед, бидејќи за најголема пречка испитаниците ги сметаат дупките на патиштата, несоодветно паркирани автомобили и не безбедни услови за паркирање на велосипедите.

Да се подобрат условите, односно да има осветлени велосипедски патеки со посебни семафор за велосипеди и безбеднио паркинзи за истите со што младите би користеле велосипед од 3 до 5 пати па дури и секој ден.

Друга препорака која можеме да ја дадеме од оваа анкета е дека за овие конкретни општини многу им е важно да имаат велосипедски патеки од град до град, село-град или село-село. Се тоа повторно ќе ја зголеми употребата на велосипеди од нивна страна.

 

За повеќе информации и прашања околу анкетата, пишете ни на info@bidizelen.org