Гоу Грин повторно имаше успешна соработка со NaturKultur, со која веќе неколку пати заеднички организираат младиснки размени со уште неколку европски оргнаизации. Овој пат успешно се реализираше проектот “Somewhere I Belong” кој се одржа во Сотрум (во близина на Бремен) во Германија, во периодот од 8 – 16 Ноември 2016. Овој проект беше финансиран од Германската Национална Агенција.

На оваа младинска размена учествуваа седум претставници од Македонија, од кои тројца беа средношколци и активни членови на Гоу Грин. Претставници на оваа младинска размена беа: Елеонора Јовановиќ, Александар Пенчиќ, Филип Сотироски, Марија Бандулова, Симона Пауновска и Беркан Асановски. На оваа размена присуствуваа и претставници од други држави како Грција, Германија, Литванија и Италија.



Тема на оваа размена беше бегалската криза која ја зафати цела Европа. Целта на размената беше да се дознае повеќе за миграциите на луѓето низ светот и Европа, да ги идентификуваме причините за иселување на народите и да согледаме како можеме ние како млади луѓе да им помогнеме на мигрантите во време на криза. На проектот присуствуаа и двајца мигранти од Сирија кои помогнаа да дознаеме малку повеќе за патот кои тие го поминале за да стигнат до Европа.



За време на седум дневниот престој преку разни работилници, предавања и игри се запознававме со мигрантската криза и пронаоѓавме решенија како Европа и граѓаните на овој континент треба да ги прифатат мигрантите. На неколку сесии секој учесник го објаснуваше патот како тој или неговите предци пристигнале во земјите во кои живеат денес. Ги согледавме сите причини поради кои луѓето мигрираат од своите земји за потрага по подобар живот, поради економска, политичка или некоја друга причина. Создадовме и неколку видеа, мала театарска игра и симулација на патот кој го поминуваат бегалците, како и флеш моб во центарот на Бремен, каде што го информиравме локалното население за многубројните изгубени животи на мигрантите на патот до Европа. Во текот на вечерните часови учесниците готвеа специјалитети од своите земји, и приредуваа национални вечери на кои учесниците се запознаваа со културните вредности на земјите.



На оваа размена исто така имавме можност да се запознаеме со повеќе можности за движење и размена, како што се програмите на Европа за тренинг, младинските размени, ЕВС, Ерасмус за студенти, волонтерски кампови и Ау-Пеир програмите.