Септември – Декември 2024 година

Проектот „Нова Генерација Земјоделки“ имаше за цел да инспирира и едуцира млади девојки (14-18 години) за можностите во земјоделството како кариера, особено од перспектива на жените во оваа индустрија. Во рамки на проектот беше организирана дводневна школа во Ресен и околината, која опфати работилници, теренски посети и интерактивни сесии со експерти.

Работилници:

  • „Жени земјоделки“ со Наталија Јовановска
  • „Дигитален маркетинг“ со Марија Стојковски
  • „Агрономија“ со Симона Кабранова

Теренски посети:

  • Спирит оф Преспа
  • Овоштарникот на СОУ Цар Самоил

Проектот овозможи 15 млади девојки од различни училишта да стекнат практично знаење и увид во земјоделскиот сектор. Им благодариме на училиштата СУГС Браќа Миладиновци, СУГС Раде Јовчевски – Корчагин и СУГС Ѓорги Димитров за нивната поддршка и учество.

Проектот е поддржан од Британската Амбасада, НМСМ, МладиХаб и Стела Нетворк.