Октомври-декември 2024 година

На 28.11.2024 година, во Младинскиот центар „Матично“, во рамките на Општина Центар, се одржа бесплатен концерт на реге-групата „Conquering Lion“ од Тетово. Концертот беше во рамките на проектот „Sounds that Connect – The Day of the Mediterranean“, кој е дел од проектот на „Anna Lindh Foundation“, каде што се одбележуваше Денот на Медитеранот. Во оваа пригода, бендови од 24 земји од регионот на Медитеранот и од Европа свиреа во исто време во различни градови.

На концертот имаше околу 160 посетители, а одеше и стрим во живо на јутјуб-каналот на „Гоу Грин“, кој сега има околу 240 посети и кој сè уште може да се погледне на следниот линкот https://www.youtube.com/live/Zskbfppb0ik. Концертот траеше околу 90 минути, а бендот даде силна енергија на сцената, со интеркултурни пораки за ширење на позитивните вибрации меѓу младите, за љубовта и еднаквоста.

Специфични цели на проектот се:

– Допирање до мултиетничка и интеркултурна публика, поттикнувајќи разбирање, почит и заемно зближување преку богатството на различностите;
– Промовирање на еднаквост, социјална одговорност и чувство на заедништво кај младите, создавајќи платформа за нивна активна улога во градењето на поинклузивно и одржливо општество
– Нагласување на важноста на културното наследство и традицијата, како основа за изградба на меѓукултурен дијалог и разбирање.

Овој проект е финансиран од фондацијата „Ана Линд“ (Anna Lindh Foundation), а поддржан е и од фондацијата „Ана Линд“ Македонија, Општина Центар, Асоцијацијата на извидниците на Македонија и Амбасадата на Чешката Република.