Полнење на телефон или таблет со сончева енергија, бесплатен интернет, сензори за квалитет на воздух се само дел од активностите кои можат граѓаните да ги уживаат во Биди зелен зоните.

На денешното отворање на една од еко зоните присуствуваа амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер, Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Љупчо Кец Мицковски и Горјан Нацевски од Гоу Грин.

Одличен пример за соработка на јавниот и граѓанскиот сектор. Интересно е што иновативната паметна клупа ги кани луѓето да седнат да си ги наполнат телефоните и да го проверат квалитетот на воздухот.изјави швајцарската амбасадорка Сибил Стуер

Горјан Нацевски, проектен менаџер, додаде : Благодарност до сите поддржувачи на овој проект. Целта на проектот беше да создадеме еко-иновација со која ќе допреме до младите луѓе, да им покажеме како се користат обновливи извори на енергија за секојдневни активности.

Првата Гоу Грин еко зона се наоѓа во центарот на градот на сквер Јадран, другата е во Зоолошката градина во Карпош, а третата во паркот Шопен во Кисела вода.

Овие иновативни еко-зони имаат смарт клупи кои имаат сензори за квалитет на воздух, се напојуваат од сончева енергија и имаат бесплатен Wi-Fi интернет. Зоните се оплеменети со зеленило и заедно со кантите за селекција ќе ја создадат „Биди Зелен“ зоната. Зоните се поставени на овие локации за да допрат до најмладите за климатските промени, квалитетот на воздух, сончева енергија и рециклирањето на секундарни суровини. 

Оваа зелена зона е овозможена преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од Скопски плански регион и Здружението Гоу Грин Скопје, поддржан и од Општина Центар и Фондот на Холокаустот на Евреите.

1 thought on “Отворени се три Гоу Грин еко зони

Comments are closed.