Гоу Грин креира база на наставници во основно образование со цел да се евалуира образованието за климатски промени во нивното училиште.

Доколку сте одделенски или предметен наставник/чка и организирате еколошки активности, предавате за климатски промени, или пак сакате да научите за тоа и да го вметнете во наставата, пријавете се да бидете дел од нашата база на наставници тука.

Во престојниот период, ќе се изработат прашалници со цел да се евалуира вклученоста на климатските промени во редовните и изборните предмети, активностите на училиштата итн. Дополнително, Гоу Грин ќе ги анализира наставните програми по сите предмети од деветгодишното основно образование и степенот на вклученост на климатските промени и екологијата во истите. Резултатите од истражувањето ќе бидат основа за подобрување и интегрирање на образованието за климатски промени во наставните програми.

Гоу Грин ќе ви овозможи пристап до конференции и обуки за лична и професионална надоградба во областа на екологијата, а со тоа да изградите поголема свесност и вредност кај вашите ученици. Понатаму, успешната комуникација отвора можности за креирање заеднички проекти во иднина.

За да го поддржите образованието за климатски промени, потпишете ја петицијата на овој линк.

Пријавувањето е отворено до 15 јуни.