Во согласност со рамката на проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ и врз основа на претходно објавениот повик за организации, изразениот интерес за учество во проектните активности, капацитетите на организациите итн., евалуационата комисија донесе одлука да ги вклучи следниве организации во понатамошниот тек на проектот:

1.    Институт за социолошки истражувања и одржлив развој – Струга
2.    Центар за одржливост и напредна едукација – Битола
3.    Форум на млади – Битола
4.    Еко Логик – Скопје
5.    Здружение на граѓани Еколошко Друштво Планетум – Струмица
6.    Здружение на студенти на Шумарски факултет – ДРЕН – Скопје
7.    Здружение НОВУС – Струмица
8.    Здружение за развој и активизам Аква – Струга
9.    Здружение на граѓани Младински совет – Прилеп
10.  Здружение за перспективна интеграција и развој Рома Перспектив – Прилеп