Еколошката младинска организација Гоу Грин, во периодот од 10-12ти март во Хотел Амбасадор, Скопје, одржа обукана тема “Зајакнување на образовните процеси за успешна имплементација на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија” за преставниците на граѓанските организации кои ќе бидат дел од имплементацијата на проектните активности во различни општини.Оваа обука е дел од проект “Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност” чија цел е да ги развие капацитетите на организациите кои беа селектирани за застапување и лобирање на локално ниво за имплементирање на наставната програма за клима и енергетска ефикасност во локалните средни стручни училишта.

За таа цел, Антонио Јовановски и Катерина Кимовска беа обучувачи на обуката каде присуствуваа  претставниците на 10-те граѓански организации. На обуката, освен појаснување за проектот“Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“организациите се стекнаа со знаења за климатските промени, енергетската ефикасност и ЕУ регулативата за клима и енергија, како и  за образовната реформа и начинот за влијание врз образовните програми, но и за начините за комуникација со засегнатите страни. Учесниците за време на тренингот, исто така учествува и во создавање на стратегија за влијание во образовниот систем на локално ниво. Преку оваа обука се создаде координативно тело од сите преставници на граѓанските организации кое понатаму ќе влијаат во образованието за клима и енергетска ефикасност и ќе се залагаат за одржливо еклошко образование.

По завршување на обуката, организациите ќе организираат процес на консултации со локалните институции за промоција на образованието за клима и енергетска ефикасност и ќе изработат кампањи. Целта на кампањите епонатамошно мултиплицирање на ефектите од стекнатото знаење, на локално ниво, и промовирање на програмата за клима и енергетска ефикасност во општината и средните стручни училишта.



Граѓански организиции кои беа дел од обуката се: меѓу кои : Институт за социолошки истражувања и одржлив развој – Струга,Центар за одржливост и напредна едукација – Битола, Форум на млади – Битола, Еко Логик – Скопје, Здружение на граѓани Еколошко Друштво Планетум – Струмица, Здружение на студенти на Шумарски факултет – ДРЕН – Скопје, Здружение НОВУС – Струмица, Здружение за развој и активизам Аква – Струга, Здружение на граѓани Младински совет – Прилеп, Здружение за перспективна интеграција и развој Рома Перспектив- Прилеп.