Со локалните избори оваа година, организацијата Гоу Грин Скопје сака да ги вклучи младите во замислувањето на процесот за зазеленување на општините – и тоа што тие би сакале да го видат за 4 години од сега, со фокус на општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Чаир, Куманово и Прилеп.

Оваа публикација има токму за цел да им ги презентира на младите поимите кои ги содржат зелените општини, демократските алатки за влијаење како и да ги објасни и разјасни надлежностите на една општина. Преку проектот “Младински дигитален активизам за зелени општини” младите ќе соберат предлози за зелени општини, преку кои ќе се изврши притисок од јавноста кон политичките партии и кандидатите и кандидатките за градоначалници и членови на советите, да размислуваат и да им дадат приоритет на мерките за подобрување на животната средина и квалитетот на воздухот.

Целата публикација на македонски јазик може да ја видите тука.

Целата публикација на албански јазик може да ја видите тука.