Публикација за бесплатен јавен превоз во Скопје

Бесплатен јавен превоз веќе постои во многу балкански и светски метрополи.Колку чини и како може да се финансира целосно субвенциониран јавен превоз во Скопје? Ако ЈСП е крвотокот на градот, организмот на Скопје е во сериозна криза.Во 1962 година јавниот превоз во Скопје превезувал околу 30 милиони патници годишно, додека во 2025 година бројката е само 22 […]

Европски атлас на мобилноста [2025]

За да изградиме одржлив, безбеден и климатски отпорен систем на мобилност, потребни се јасни политики и стандарди кои ќе овозможат чист, достапен и интегриран транспорт. Европскиот атлас на мобилноста покажува дека транспортниот сектор е голем извор на емисии, но и поле со огромен потенцијал за промени – преку развој на железницата, зголемување на користењето велосипед […]

[Предлог] Правилник за планирање, проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура

За да добиеме здрави, одржливи, безбедни, климатски отпорни и паметни градови, населби и држава, мораме, меѓу другото, да создадеме услови за безбедно одвивање на велосипедскиот сообраќај. За жал, моменталната регулатива е многу ограничувачка и не им дава ниту можности, ниту насоки, ниту стандарди на планерите и проектантите да планираат соодветна велосипедска инфраструктура. Во важечкиот Правилник […]

[Истражување] Запознаеност, можности и бариери каj младите за учество во зелени политики на локално ниво

Живееме во ера на климатска криза каде е потребна итна акција и соработка со сите чинители во едно општество. Тргнувајќи од тоа дека младите се иднината, односно дека тоа што го вложуваме во нив денес ќе се одрази во блиска иднина, клучно е нивното учество во креирање и спроведување на зелени политики на локално ниво, […]

Реформирано управување со отпадот во РСМ

Целта на овој прирачник е известување за променета законска регулатива и зголемената одговорност на засегнатите страни. Во неа се обработени одредби од Законот за управување со отпад, каде јасно се потенцира хиерархијата во управувањето со отпад, кој и како се врши стратешко планирање во управувањето со отпад, обработка на што треба да содржат стратешките документи […]

Екоактивизам за зелени општини

Со локалните избори оваа година, организацијата Гоу Грин Скопје сака да ги вклучи младите во замислувањето на процесот за зазеленување на општините – и тоа што тие би сакале да го видат за 4 години од сега, со фокус на општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Чаир, Куманово и Прилеп. Оваа публикација има токму за цел […]

Младински позиции

Младите амбасадори за климатски промени кои беа дел од Првата симулација за климатски промени (СОР26) изготвија младински позиции на три важни климатски теми: декарбонизација циркуларна економија образование Есеите може да ги прочитате тука Младинските позиции, како и Симулацијата за климатски промени беа организирани во рамки на проектот „Млади амбасадори за климатски промени“ поддржан од Британската […]

Прирачник за климатска дипломатија

Прирачникот може да го преземете тука. Овој производ е подготвен во рамки на проектот Млади Амбасадори за Климатски Промени, спроведен од Здружението Гоу Грин Скопје, а финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Програми за слободни часови за градежно, машинско и електро средно стручно образование

Програмите за слободни часови се на тема Клима и енергетска ефикасност.  Подготвени се од здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин – Скопје“, во рамки на проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ (2017г.) Програма за градежно средно стручно Програма за машинско средно стручно Програма за електро средно стручно

[Истражување] Застапеност на образованието за климатски промени во основното образование во РСМ

Во истражувањето опфатени се: анализа на наставните програми и учебниците по предметите, како и прашалник за мислењето на наставниците во основно образование. Методологијата на истражувањето се состои од примарно и секундарно прибирање на  податоци, односно спроведување квалитативен прашалник за наставниците, родителите и учениците, како и деск анализа на наставните програми и релеватни документи поврзани со […]