Јуни-ноември 2019

Со проектот ќе се подигне свеста кај граѓаните за принципите на превенција, селектирање и реупотреба на отпадот, и воедно ќе се активираат граѓаните, со посебен фокус на младите луѓе, да се вклучат во акции за чистење, селекција, реупотреба на отпадот и едукација на населението.

Цел

  • Промоција, поттикнување и активно вклучување на населението во селектирање на отпад, реупотреба и акција за чистење
  • Едукација на различни целни групи, со посебен фокус на младите луѓе, за концептот „Нула Отпад“ (отпадот е суровина, принципи на превентива, селектирање, реупотреба и рециклажа)
  • Креирање на соработки помеѓу општини, граѓани и невладини организации за натамошно селектирање и реупотреба, како и спречување на настанување на диви депонии

Активности

  • Обука за волонтерите и претставници од општините за спроведување на планот
  • Мапирање на отпадни локации и јавен повик за волонтери
  • Кампања за превенција, селекција и реупотреба на отпадот на национално и локално ниво
  • Акција за чистење на отпадот на национално ниво
  • Национална конференција со сите засегнати страни на тема „Циркуларна економија и управување со отпад

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ.