Биди Зелен кампањата имаше за цел да ја подигне свеста кај младите за одржливиот развој на животната средина и да ги научи за значењето на енергетски ефикасна и нискојаглеродна економија. Пораката на проектот опфати над 800.000 лица.

Целна група
Главната целна група беа млади луѓе од 14-22 години. Веруваме дека токму тие ја претставуваат идната генерација на лидери и носители на одлуки во општеството, како и во домаќинствата. Сепак, со  медиумиската кампања се опфатија и други возрасти.

Краток опис
Проектот се одвиваше во два дела кои кулминираа со завршен настан на 12ти јуни 2010.

Првиот дел беше едукативната кампања преку списанието „Екологија и одржлив развој“ и презентации во средните училишта во Скопје реализирани од средношколци-членови на Гоу Грин.

Вториот дел беше медиумска кампања која се состоеше од песна, видео спот и медиумско присуство (ТВ, радио итн.). Главни носители на медиумската кампања беа раперите Тони Зен и Слаткаристика, како и ТВ шоуменот Марко Новевски. Песната „Биди Зелен” претставува највлијателна песна со над 800.000 прегледи на ЈуТуб.

Кулминацијата на двете паралелни фази беше музичко-едукативниот настан во Градскиот Парк на 12ти Јуни. Покрај концерт на Тони Зен и Слаткаристика, беа присутни 2 музички бенда, и 2 ДЏ-а. Паралелно со музиката, на голем видео-бим се крикажуваа кратки едукативни видеа и пораки за одговорно однесување кој природата и начини за како да се придонесе кон градење на одржливо општество. Настанот беше посетен од повеќе од 12.000 млади.

Покрај индиректното влијание (подигнување на свеста), проектот се очекува да придонесе во следните области:

  • Пораст на бројот на млади луѓе што ќе станат членови на невладини организации кои работат за заштита на животната околина и одржлив развој:
  • Пораст во самоиницирани проекти од трети лица:
  • Зголемен број на јавни дебати, форуми и панел дискусии на тема одржлив развој, заштита на животна средина и обновливи извори на енергија
  • Создавање на пазар-побарувачка за обновливи извори на енергија
  • Поттик на организациите за одговорно однесување кон природата
  • Намалување на трошоците за електрична енергија на домаќинствата.

Симнете го финалниот извештај на Биди Зелен Кампањата.

Донатор: Норвешка Амбасада