Дарко Иваноски ака Даз Флоу е млад хип-хоп артист од Скопје кој во моментов е актуелен со неговото најново видео за песната „Енергија“. Една од работите во кои тој е заљубен е природата. Како член на Гоу Грин, Даз ја изработи песната „Приклучи се“ која повикува на одговорно однесување кон животната средина.
Овој пат станува збор за различен концепт на песна, но со слична цел – подигање на еколошката свест, но и за регрутација на нови членови во „Гоу Грин“ која ќе започне во Септември.
Покрај Даз Флоу, во изработката на песната се вклучија и Андреј Трајковски – Тракер кој беше задолжен за музиката и аранжманот, Тихомир Јакимовски – ТуТе ги изврши миксањето и продукцијата и Кристијан Делчевски – ДЈ К 105 со своите скреч способности. За дизајнот на сликата се погрижи Роберт Мишовски.
{youtube}gHJ0O1TrL5s{/youtube}