Сите кои се заинтересирани и мотивирани да научат нови работи низ процесот на
неформалното образование со споделување на сопственото знаење и искуство се
добредојдени да аплицираат на младинската размена “Active Change Makers vol.2” во
Германија. Во текот на 10 дневната програма на оваа размена ќе се одвиваат работилници на
темите: Младински активизам, човекови права, инклузивност, мултикултурализам итн.
Покрај учесници од нашата држава ќе учествуваат и млади од Луксембург, Германија, Кипар,
Шпанија и Хрватска.

Размената ќе се одржи во Остерхолц, – Шармбек, Германија од 16-ти до 26-ти август 2018, во
рамките на Еразмус+ програмата на Европската Комисија. Повикот е наменет за сите млади
лица од 18 до 30 години кои се способни да комуницираат на англиски јазик. Организаторите
ќе ги покријат трошоците за сместување и храна како и патните трошоци на учесниците до 275
евра.

Во продолжение можете да прочитате повеќе информации за целите на проектот. Доколку
сте заинтересирани да земете учество во младинската размена, пополнете го формуларот за пријавување најдоцна до 28-ми јуни. Доколку имате прашања можете да ни се обратите на
info@bidizelen.org со назнака “Аctive Change Makers”.

Главни цели на размената:з

1. Да ги поттикне младите да бидат активни во општеството на локално и регионално ниво
2. Да создаде безбедно место за младите да ја споделат својата култура и знаење
3. Да ја истакне важноста од припадноста во Европската заедница
4. Да негува мултикултурна средина, толеранција и солидарност
5. Да се адресира проблемот на младинска радикализација во Европа, да се откријат
причините од каде потекнува
6. Да ги вклучи младите со помалку можности во општеството