Проектот има за цел да ја подржи имплементацијата на Законот за батерии и отпадни батерии (1 јануари 2011), да ја развие свеста кај населението за штетноста од батериите и да иницира систем за собирање на отпадните батерии.

Краток опис:
За да се постигнат целите на проекот, се поставија три главни столба на активности:

  • Институционална соработка и споделување искуства со ЕУ земји
  • Информативна Образовна кампања
  • Кампања за собирање на празни батерии

Првиот столб има за цел да овозможи платформа за размена на знаења и споделување на искуства помеѓу Р. Македонија и земјите од ЕУ (Шведска и Словачка) кои имаат воспоставено систем и успешно го имлементираат законот за батерии и отпадни батерии.

Вториот столб, информативна образовна кампања, ги вклучува општините, училиштата и факултетите со цел да ја развие свеста кај локалната администрација и младите луѓе околу штетните ефекти на отпадните батерии да потикне одговорно однесување.

Третиот столб има за цел да ги потикне граѓаните да ги остават своите отпадни батерии во специјалните туби за празни батерии кои се поставени во супермаркетите Тинекс, Веро и Рамстор и општините во Скопје, Тетово и Куманово.

Проектот е инициран од Амбасадата на Шведска, подржан од Шведската агенција за заштита на животна средина, амбасадите на Норвешка и Словачка и Министерството за Животна Средина во РМ. Партнери на проектот се јавуваат супермаркетите Тинекс, Веро, Рамстор и Каммаркет, а медиумски покровители Антенна 5, Вест, Алфа ТВ, Емисијата 5+ и Акцент Медиа.

 

Можете да ги погледнете проектните извештаи од Гоу Клин 2011Гоу Клин 2012Гоу Клин 2013 прв дел и Гоу Клин 2013 втор дел поддржани од Норвешката Амбасада, Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.